Work

Употреба на Nd: YAG ласер во третманот на хиперсензитивни заби

Year: 2010
Type: conference-paper
Abstract: ЦЕЛ: Во оваа студија си поставивме за цел да направиме клиничка процена на терапискиот ефект на Nd:YAG ласерот при состојби на хиперсензитивни заби. МАТЕРИЈАЛ И МЕТОД: За реализацијата на поставената цел во испитувањето беа вклучени 30 пациенти кај кои беа третирани 38 заби. Преосетливост во пределот на вратовите на забите дијагностициравме кај 30 заби, додека кај останатите 8 детерминиравме хиперсензитивност на оклузалната површина На сите заби аплициравме до три третмани со Nd:YAG ласер ирадијација. РЕЗУЛТАТИ: Кај 90% од третираните заби со преосетливост во гингивалната третина, смирување на симптоматологијата нотиравме по првата сеанса на ласер ирадијацијата. Само во 2 случаи индицирана беше апликација на ласер терапија во три сеанси. ЗАКЛУЧОК: Добиените клинички резултати како и позитивниот ефект на Nd:YAG ласерот во реставративната стоматологија и ендодонцијата, сугерираат примена на оваа современа технологија во рамките на секојдневната клиничка пракса.
Language: Macedonian
Open Access status: green
OpenAlex ID: W1153514784
FWCI:
Cites:
Cited by:
Related to: 10