Year: 2012
Type: article
Abstract: Освен од внатрешните фактори на влијанија, успешното владеење во голема мера зависи и од безбедносната состојба на национално, на регионално и на глобално рамниште, каде значајно место заземаат заканите, ризиците и опасностите, при што се создава широк фронт на соработката со останатите сектори во спроведувањето на стратегиските анализи. Различните категории на изготвувањето на процените за безбедност, опфаќаат димензии кои се однесуваат на физичките, технолошките, економските, социјалните и културните, правните, моралните, етничките, политичките и воените аспекти. Трудот потенцира карактеристи на функционирањето на одбранбениот сектор во целина, како и специфичности на министертствата за одбрана во современиот свет, во однос на остварување успешно владеење и ефикасен менаџмент во одбраната во поширок безбедносен контекст.
Authors: Dojcinovski, Metodija, Ackoski, Jugoslav
Language: Macedonian
Subfield: Economics and Econometrics
Domain: Social Sciences
Open Access status: green
Funder: Cranfield University
OpenAlex ID: W1491690971
