Work

Дијагноза и третман на импактирани канини

Year: 2009
Type: conference-paper
Abstract: Цел: Целта на оваа студија е да го прикаже комбиниран и современ концепт во менаџментот на импактираните горни и долни канини. Специфичниот пристап го трасира од самиот почеток идниот третман на импактираните максиларни и мандибуларни канини. Материјал и метод: Имено, по изведената анамнеза и преглед, беа направени радиграфски испитувања (ортопантомограф, оклузални или ретроалвеоларни рендгенграфии и компјутеризирана томографија) кои се предуслов за поставување на точна дијагноза и дефинирање на позицијата на импактираниот канин. Најчесто беше применет ортодонтско-оралнохируршки третман кој содржеше неколку фази:  поставување на фиксна ортодонтска терапија со цел за стварање простор во максиларниот и мандибуларниот лак,  хируршко експонирање (кортикотомија или фенестрација) и ортодонтско влечење на импактираниот канин кон алвеоларниот гребен.  сместување на канинот денталниот лак и финализирање на ортодонтскиот третман.  Последната фаза вклучуваше евалуација на периодонталниот статус на третираниот забен низ на крајот на ортодонтскиот третман. Резултати: Овој концепт во третманот на импактираните горни и долни канини даде позитивни резултати со позиционирање на импактираниот заб во забниот лак и одличен периодонтален статус на останатите заби. Преглед од неколку клинички случаи со импактирани максиларни и мандибуларни канини од нашата пракса ќе бидат прикажани во сите фази на третманот. Заклучок: Прецизната дијагноза на импактираните канини претставува предуслов за за добар план на терапијата, со која се потврдува потребното време за третман и истото овозможува редуцирање на можните компликации. Третманот на импактираните канини не конечен само со ортодонсткиот дел од терапијата. Конечната периодонтална состојба е фундаментален кључ за проценка на успехот од терапијата при импактираните канини.
Author: Dimova, Cena
Language: Macedonian
Subfield: Orthodontics
Field: Dentistry
Open Access status: green
OpenAlex ID: W15113195
FWCI:
Cites:
Cited by:
Related to: 10