Work

Перфекционизмот ориентиран кон очекувањата на другите како маладаптивна ориентација кај студентите во тест ситуација

Year: 2013
Type: article
Study design: Observational Study
Abstract: Ова истражување е дел од пошироко истражување, спроведено во текот на академската 2010/2011 година. Целта беше да се испита поврзаноста помеѓу димензиите на перфекционизмот, посебно „перфекционизмот ориентиран кон очекувањата на другите“, постигнувањата на тестот на студентите, и нивото на позитивна и негативна емоционална состојба, по неговото спроведување. Примерокот го сочинуваа 97 студенти во прва година на Факултетот за образовни науки, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, на просечна возраст од 19,4 години, кои пополнија Скала на мултидимензионален перфекционизам (Multidimensional Perfectionism Scale, MPS; Hewitt & Flett, 2004), една седмица пред задавање на тестот. Нивото на позитивна и негативна емоционална состојба беше измерено веднаш по пополнувањето на тестот, со Скалата на позитивна и негативна емоционална состојба (PANAS; Watson et al.,1988). Тестот кој беше пополнет од страна на секој студент беше регуларен колоквиумски тест, кој придонесува со 20% во вкупната завршна оценка по предметот развојна психологија. Како што очекувавме, наодите покажуваат дека „перфекционизмот ориентиран кон очекувањата од другите е значајно поврзан со пониски постигнувања на тестот, повисоко ниво на негативна емоционална состојба и пониско ниво на позитивна емоционална состојба. Наодите од истражувањето се дискутирани со цел да се укаже на потребата од откривање на димензиите на перфекционизмот, како црти на личноста кај студентите, во контекст на тест ситуацијата и постигнувањата на тестот.
Language: Macedonian
Field: Psychology
Open Access status: diamond
OpenAlex ID: W1786691045
FWCI:
Cites:
Cited by:
Related to: 10