Year: 2005
Type: article
Abstract: Јавното претпријатие за подземна експлоатација на јаглен се наоѓа во состав на Електростопанство на Србија од 1990год. Во овој состав влегуваат осум рудници со тринаесет производни единични-јами. До 1990год. Рудниците беа самостојни претпријатија и ја претставуваа главната стопанска дејност, тогаш, а и сега во слабо развиените општини во Србија. Во текот на процесот на производство наидуваа на многу тешкотии кои произлегувале од сложените услови на експлоатација. Но и покрај доскорашните надворешни санкции, рудниците успешно работеа. Најголем пад на производството, за околу 20%, дојде 1994год. напрема 1990год. Но сепак произведените количини на јаглен тогаш допринеле да се подмират некои витални енергетски потреби (индустријата и домаќинствата). Сите рудници се наоѓаат во живописни предели и туристички места и објекти (Соко бања, Ресавска пештера, манастирите Манасија, Студеница, Раваница и др.). Наведениве факти ја потенцираат потребата за заштита на природата, како од еколошко така и од економско гледиште. Праксата покажала дека подземната експлоатација на јаглен има помалку влијание на животната средина во однос на останатата индустрија.
Language: Macedonian
Subfield: Environmental Engineering
Field: Environmental Science
Domain: Physical Sciences
Open Access status: green
OpenAlex ID: W207085239
