Work

Когницијата и теоријата за умот кај деца со нарушувања од аутистичен аспект

Year: 2012
Type: article
Abstract: Нарушувањата од аутистичeн спектар се развојни нарушувања коисе огледаат во тешкотии во социјалните интеракции и комуникации, какои постоење на стереотипно однесување, интереси и активности. Со огледдека клиничката слика на нарушувањата од аутистичен спектар варира востепенот на сериозноста и тежината на симптомите, се смета за оправданода се зборува за спектар на развојни нарушувања. Во овој прегледен труд гиевалуиравме хипотезите за теоријата за умот во светло на истражувањатакои како предмет на проучување ги имале следните прашања: Дали децатасо аутистично нарушување развиваат концепти на теоријата за умот?Како можеме да објасниме зошто некои деца со аутистично нарушувањеуспешно ги решаваат задачите од теоријата за умот? Дали дефицитите вотеоријата за умот се сметаат за големи оштетувања кои ги карактеризираатаутистичните нарушувања? До денес не е предложена теорија која би гиобјаснила сите важни аспекти на аутистичните нарушувања или пак бибила единствена, унифицирана за сите аутистични нарушувања. Земајќипредвид дека во литературата се најзастапени теориите кои нарушувањатаод аутистичниот спектар ги толкуваат како дефицит на теоријата за умот,во трудот сe обидовме да ги евалуираме хипотезите на теоријата за умотза аутизмот, со посебен осврт на дефицитите во когницијата.
Language: English
Open Access status: diamond
OpenAlex ID: W2181099899
FWCI:
Cites: 46
Cited by:
Related to: 9