Year: 2014
Type: conference-paper
Abstract: Во изминатите три или четири декади технологијата има експоненцијален раст во секое поле на истражување. Различни типови на алгоритми се користат за секој одговор на природата или катастрофа и истражувачите преку целото време даваат напори за подобрување на овие алгоритми. Комплексни нумерички решенија се развиени за истражување на природните катастрофи како што се земјотресите. Овие решенија ни даваат на нас подобар пристап кон карактеристиките на една сеизмичка побуда и најважно, вредна информација на тоа како таа сеизмичка побуда работи, енергијата која ја произведува и штетата која може да ја предизвика во едно такво движење на тлото. Алгоритмите за истражување на овие сеизмички бранови се преку целото време подобрувани како што се подобрувани и компјутерите. Исто така, високо развиени процесирачки апликации се произведени за да се забрза работата на истражувачите и во исто време да се зголеми точноста со значително големо намалување во времето искористено за процесирање. Една таква апликација која е користена при истражувањето во овој труд е Labview. Главната поента е да се присоберат што повеќе информации од било која сеизмичка побуда и притоа да се анализираат и проучат за да се што подобро дознае како работи сеизмичкиот бран. Можеби со анализа на високо процесирање ние можеме некако да ја „наслушнеме“ земјата од аспектот на сеизмичките побуди. Во овој труд се опишани некои од техниките користени за истражување на критичните карактеристики на таква природна катастрофа.
Authors: Zlatev, Zoran, Golubovski, Roman, Gicev, Vlado
Language: Macedonian
Subfield: Artificial Intelligence
Field: Computer Science
Domain: Physical Sciences
Open Access status: green
OpenAlex ID: W2282148334
