Work

Хемија на ПЕТ радиофармацевтици

Year: 2013
Type: conference-paper
Abstract: Со откривањето и воведувањето на позитронската емисиона томографија (ПЕТ), за кратко време се забележа голем пораст на производство и користење на ниско енергетските циклотрони ( 9-19 MeV), кои се користат исклучиво за производство на кратко живечки ПЕТ радиоактивни изотопи, како флуор - 18, јаглерод -11, азот-13 и кислород-15. Воведувањето на флуор-18 деокси гликоза (18F–FDG) во клиничката пракса по нејзината прва синтеза во 1976 година во Brookhaven Националната лабораторија значи и почеток на нова ера во дијагностичките нуклеарно медисински постапки. Во почетокот идејата за нејзино користење беше следење и визуелизација на метаболните промени во мозокот при невролошки заболувања. После тоа почна да се користи и за студирање на миокардијална одржливост што се должи на поголемата искористеност на гликоза при размножувањето на клетките. Употреба на 18F - FDG се повеќе се зголемуваше и денес главно како резултат на нејзината способност да се акумулира во клетките и преку тоа следат метаболните промени, а што произлегува од механизмот сличен на оној на гликозата, се кристи за рано откривање на малигни заболувања и следење на успешност на нивната терапија, невролошки заболувања со рана дијагностика на Алцхајмеровата болест, дијагноза на инфекции и инфламации со непознато потекло, кардиоваскуларни промени. Покрај овој најчесто користен ПЕТ радиофармацевтски препарат, денес во клиничката пракса се користат и други радиофармацевтски препарати на флуор-18. Покрај флуор-18 и ПЕТ радиоактивни изотопи добиени во циклотрон, во последните пет години се позначајно место завзема и галиум-68 кој се добива од германиум - 68 генератор. Галиумот-68 се користи најчесто за обележување на пептидни радиофармацевтски препарати за дијагностицирање на малигни заболувања, најчесто на невроендокринолошки тумори. Друг генератор кој произведува ултракратко живечки рубидиум-82 (време на полураспаѓање од 75 секунди) се користи за одредување на протокот на крв во миокардот.
Language: Macedonian
Field: Medicine
Open Access status: green
OpenAlex ID: W2286477604
FWCI:
Cites:
Cited by:
Related to: 10