Work

Развојна психопатологија: Концепти и нови предизивици

Year: 2012
Type: article
Abstract: Овој прегледен труд ги разјаснува принципите, концептите кои го дефинираат и определуваат полето на развојната психопатологија, напредокот и идните насоки на развој на оваа нова научна дисциплина. Во првиот дел ги опишавме принципите од кои тргнува развојната психопатологија. Потоа, ја истраживме значајноста и потеклото на развојната психопатологија. Ги разјаснивме и објаснивме нејзините дефинирачки параметри како дисциплина и ги продискутиравме проблемите на истражување кои се фундаментални во рамки на истражувањата во развојната психопатологија. Во последниот дел од трудот опишавме некои важни идни насоки за развојната психопатологија. На повидок е нов период на развој за развојната психопатологија со нови предизвикувачки истражувања од развојот на мозокот и неговата пластичност, интеракциите помеѓу гените и средината, резилиентност и ревитализација, динамика на мулти ниовоа, интердисциплинарни истражувања и методологија за оценување и анализирање на промените во текот на времето и низ индивидуалните системи и контексти. За жал, досега во Р. Македонија оваа научна дисциплина е скоро непозната. Се надеваме дека овој труд ќе побуди интерес, иницијален предизвик и свесност за неопходната потреба од развој на развојната психопатологија во иднина. Како први пионерски чекори во Р. Македонија, на Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, на Факултетот за образовни науки и на Факултетот за медицински науки, воведовме курикулум на развојна психопатологија. Клучни зборови: развојна психопатологија; концепти; предизвици; научна дисциплина.
Language: Macedonian
Field: Psychology
Open Access status: green
OpenAlex ID: W2297862712
FWCI:
Cites: 34
Cited by:
Related to: 10