Work

Примена на Crank-Nicolson методот за решавање на топлински равенки

Year: 2014
Type: article
Abstract: Во овој труд разгледуваме еднодимензионален (1-Д) проблем на трансфер на топлина низ прачка. Иницијално прачката е загреана по должина, а на краевите температурата се одржува на нула во тек на време. Проблемот се опишува со парцијална диференцијална равенка која ја решаваме нумерички со Crank-Nicolson методот. Од решението може да се види како во тек на време прачката се лади при што температурата по цела должина на прачката асимптотски се приближува кон нула. Во овој труд, ние го истражувавме влијанието на дискретизацијата (sampling) на точноста на решението со Crank-Nicolson методот.
Language: Macedonian
Open Access status: green
OpenAlex ID: W2298480650
FWCI: 0.234
Cites: 4
Cited by: 1
Related to: 10