Year: 2000
Type: article
Abstract: Употребувајќи ги новите методи на култура на растителни ткива и клетки во услови in vitro, сосема реална можноста за добивање на безвирусен посадочен материјал, а со тоа се подобрува не само генетичката стабилност на регенерирените растенија, туку и морфолошките и биолошките карактеристики на испитуваните култури. Истовремено тоа представува и можност за понатамошна селекција на здрав растителен материјал. Основната цел на предложеното истражување беше да се постави култура од повеќе меристемски и немеристеммски експлантати од пиперка (како и други видови од стратешко и комерцијално заначење, кои во најскоро време ќе се реализираат), да се запознаат својствата на ткивата во услови in virto и да се согледаат можностите за добивање на здрав безвирусен материјал. Оваа цел е реализирана со поставување на експлантати од пиперка, и тоа на две сорти: Куртовса Капија и Златен медал, на повеќе различни хормонални комбинации на MS медиум. Резултатите од истражувањето овозможуваат посмислен приод во користењето и примената на методот култура на растителни ткива во земјоделието а воедно и негова поголема практична примена. Тоа допринесува за поголема примена и афирмација на новите современи методи во градинарството и пошироко во земјоделската практика, што на нашето производство многу му недостасува.
Author: Mitrev, Sasa
Language: Macedonian
Subfield: Plant Science
Domain: Life Sciences
SDG: Zero hunger
Open Access status: green
OpenAlex ID: W23836757
