Work

Читањето и работата со текст во одделенска настава

Year: 2016
Type: conference-paper
Abstract: Читањето претставува аналитичко-синтетичка постапка, мисловен процес кој истовремено обединува повеќе фази кои го доведуваат ученикот до правилно совладување на техниките за читање и оспособување за разбирање на прочитаното. Тие неколку фази се: воочување на буквата како графички знак, претворање на неговата симболика во графичка претстава, истовремено воочување и правилно изговарање на гласовите во еден збор, поврзување на зборовите во реченица и нивно читање со темпо на секојдневен говор и на крајот сфаќање на содржината. Постојат неколку дефиниции за читањето кои во суштина се сведуваат на тоа дека претставува процес на изговарање на зборовите. Во САД во 1998 година ваквата дефиниција се смета за прва, а потоа се појавува и дефиницијата “Читањето е учење на идентификација на зборовите и нивното значење“. Процесот на читање воедно е разгледуван и од страна на читање на текст и е добиена следната дефиниција “Читањето е учење за добивање на знаење за одреден текст со цел да се добие знаење и од него“ 1 .
Language: Macedonian
Field: Psychology
Open Access status: green
OpenAlex ID: W2584510174
FWCI:
Cites:
Cited by:
Related to: 10