A review of the children’s narratives of the first generation of Turkish writers in the Republic of Macedonia
Year: 2010
Type: article
Abstract: Во оваа студија даваме осврт на расказите за деца на првата повоена генерација турски писатели во Р. Македонија, ги анализираме нивните основни карактеристики и причините што влијаеле на изборот на нивните теми. Творештвото на првата повоена генерација на турски писатели во Македонија се одвиваше во услови на повоената изградба на земјата кога општо земено се веруваше во социјализмот, а тоа се одрази и на содржината на расказите за деца. Творештвото во тој период беше отежнато поради немање на претходни примери, отсуство на богата светска, југословенска и турска детска литература во Македонија, како и немање на контакти со Р. Турција. Клучни зборови: литература за деца, раскази, прва генерација на турски писатели Творештвото на првата повоена генерација турски писатели во Република Македонија (1945 – 1965) се одвиваше во услови на повоената изградба на земјата и без какви и да е контакти со матичната земја (Република Турција). Речиси сите турски писатели од истата генерација немаа можност да се школуваат на својот мајчин јазик, што имаше силен одраз и врз нивното творештво. Исто така, оваа генерација турски писатели беше под силно влијание на владејачката идеологија, што негативно се одрази врз нивната творечка слобода.
Authors: Celik, Mahmut, Dimova, Violeta, Ivanovska, Biljana
Language: Macedonian
Subfield: Literature and Literary Theory
Field: Arts and Humanities
Domain: Social Sciences
Open Access status: green
OpenAlex ID: W2589350930
