Work

Аналитички методи за определување на метаболити на лекови

Year: 2015
Type: article
Abstract: Една од значајните улоги на фармацевтската наука е истражувањето и развојот на нови лекови. Ова како цел не е едноставно, бидејќи само мал процент од синтетизираните хемиски соединенија може да станат лекови, додека повеќето соединенија се покажуваат како несоодветни во однос на нивната ефикасност, активност или токсичност. Сите фази на откривање и развој на лековите се долготрајни процеси кои можат да траат меѓу пет и десет години во просек, па и повеќе. Овде се вклучени истражувања од многу различни дисциплини, пред се врзани за идентификување целните болести, откривање соодветни хемиски компоненти кои имаат соодветни биолошки, хемиски и фармаколошко-токсиколошки својства. Кога потенцијалниот лек е избран за развој, се изведуваат сеопфатни студии за безбедност и предклинички и клинички студии кои се со цел да обезбедат доволно податоци за поднесување барање за регистрација на нов лек.
Language: Macedonian
Field: Chemistry
Open Access status: green
OpenAlex ID: W2590951658
FWCI:
Cites: 13
Cited by:
Related to: 10