Work

Нови орални антикоагуланси – нови пристапи во денталната медицина

Year: 2011
Type: article
Abstract: Патогенезата на тромбозата е многукомпонентен комплекс од локални и системски реакции, во чија основа се наоѓа создавањето на тромб во крвните садови, најчесто како последица на взаемното дејствување на неколку системи: васкуларните, клеточните и хормонските фактори во крвта. Создавањето на тромб во физиолошки услови претставува нормален и корисен механизам на реакција при настаната повреда на крвниот сад. Патолошкиот тромб може да се дефинира како појава при која циркулирачката крв ја загубила нормалната, физиолошката рамнотежа меѓу механизмите коишто ја регулираат хемостаза во срцево-садовниот систем. Тромбозата е процес којшто го предизвикуваат тромбоцитите и плазматските протеини. Овој процес е модулиран од циркулирачки антикоагулантни протеини и од системот на фибринолиза кои се во постојана рамнотежа (Biggs). Тромбозата претставува мултифакторијално заболување и се случува кога ќе биде нарушена рамнотежата меѓу прокоагулантните фактори и одбранбените механизми. Клиничките манифестации се различни, зависат од локализацијата на тромбот, а се должат на васкуларната опструкција и емболизација.
Author: Dimova, Cena
Language: Macedonian
Subfield: Hematology
Field: Medicine
Open Access status: green
OpenAlex ID: W26742168
FWCI:
Cites:
Cited by:
Related to: 10