Промените во општеството како причина за семантичка екстензија во современиот македонски јазик
Year: 2014
Type: conference-paper
Abstract: Времето неоспорно наметнува промени во сите сфери на општеството, а како последица на тоа и во јазикот. Најчесто јазичните промени вклучуваат модификации во вокабуларот на јазикот кои се познати како лексички промени. Постојат повеќе причини на ваков вид на јазична промена која може да вклучува и губење на извесна лексика која со време станала застарена, како и збогатување на вокабуларот во нови зборови. Во овој труд ќе испитуваме еден специјален вид на лексичко збогатување на јазикот преку процесот на семантичко проширување на значењето на лексемата. При процесот на семантичко проширување лексемата добива погенерално значење од веќе постоечкото. Процесот на семантичката екстезија, како посебен вид на семантичко проширување, им дава на лични именки значење и статус на општи именки. Во трудот ќе бидат претставени примери на семантичка екстензија забележани во современиот македонскиот јазик. Клучни зборови: лексичка промена, семантичка екстензија, семантичко проширување, општество, општествени промени.
Authors: Ulanska, Tatjana, Koceva, Daniela
Language: Macedonian
Subfield: Language and Linguistics
Field: Arts and Humanities
Domain: Social Sciences
Open Access status: green
OpenAlex ID: W288939670
