Work

Calvino and the Second World War

Year: 2020
Type: article
Abstract: Во овој текст се собрани податоците од учеството на Калвино во Втората светска војна, со цел да се проникне во начините како ова негово трауматично искуство било пренесено во првите негови дела, малку избрзано од самиот автор дефинирани како неореалистички. Станува збор за три раскази објавени во збирката Последен доаѓа гавранот (Еинауди 1949), како и за првиот роман на Калвино Патека кон пајаковите гнезда (Еинауди 1947). Во текстот го следиме идеолошкото и литерарното созревање на младиот Калвино (1923), кој од анархист ќе стане комунист, но и неговите идеи од тоа време за насилството, за историјата и за ангажманот на интелектуалецот. Се занимаваме и со наративните елементи во романот, особено во врс­ка со изборот на нараторот и со идеолошките елементи што Калвино ги собира сите во едно, во деветтото поглавје од делото, во кое тој, низ дијалогот меѓу еден работник и еден интелектуалец, ги анализира партизаните антихерои што ги одбрал за јунаци на својот роман, чие минато и собраниот бес можеле да ги однесат на другата страна, кај фашистите. Низ неортодок­сниот избор да ги прикаже партизаните како антихерои, Калвино укажува и на тешкотијата пред која се нашле луѓето од сите меридијани и простори на светот зафатен со оваа војна и со војните воопшто, во сеопштиот хаос и пропаганда да се снајдат, да ја одберат вистинската страна, иако тие самите како луѓе се слаби и несовршени.
Author: Liljana Uzunović
Language: English
Open Access status: diamond
OpenAlex ID: W3035845512
FWCI:
Cites: 3
Cited by:
Related to: 10