Year: 2012
Type: book-chapter
Abstract: Иако Република Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО, до посакуваното членство не дојде. Проблемот со името кој го наметна Грција покажа дека билатералните прашања на Балканот може да ги закочат стратешките интереси на големите сили во напорите за создавање на еден побезбеден свет. НАТО на Макеоднија & е потребен заради посакуваната стабилност во безбедносна и социјална смисла. Со промоцијата на новиот стратешки концепт на НАТО од 2010 година преку т.н. кооперативна безбедност се отвори можност која доколку се искористи соодветно би можела да биде од големо значење за државата. Проект преку кој ќе создадеме услови за проширување на партнерството со САД и со кој ќе дејствуваме кон поставените цели на НАТО ќе овозможи релаксирање на политичкиот притисок врз властите во Македонија во преговорите со името, но ќе ја унапреди и социјалната стабилност. Активирањето на стратешката резерва на Република Македонија во склад со заложбите на новиот стратешки концепт на НАТО е одлична можност преку која Македонија може да ги зголеми можностите за остварување на своите цели и да остане посветена на зачленувањето во НАТО.
Author: Hadji-Janev, Metodi
Language: Macedonian
Field: Social Sciences
Domain: Social Sciences
Open Access status: green
OpenAlex ID: W44469931
