Year: 2009
Type: conference-paper
Abstract: ВОВЕД: Млечните заби се полновреден мастикаторен орган во време на нивниот краток живот, иако подлежат на рана физиолошка ресорпција на корените и нивна замена, со цел создавање простор за постава на трајните заби. ЦЕЛ: Нашата цел беше истражување на дентин-ресорптивно клеточната активност на пулпата на млечните заби при напредната физиолошка ресорпција. МАТЕРИЈАЛ И МЕТОД: Од здрави деца поради ортодонтски причини беа екстрахирани пет некариозни млечни заби со напредната физиолошка ресорпција. Непосредно по екстракцијата секој заб беше потопуван во фиксир Боуин. После 24 часа секој заб беше засекуван по надолжната оска со карборунд диск под млаз вода и преполовуван со пластичен инструмент. Денталната пулпа беше екскавирана и потопувана во фиксирот, а после седум денови беше подложена на конвенционална хистолошка обработка за светлосно микроскопско истражување. РЕЗУЛТАТИ: Кај сите млечни заби со напредната физиолошка ресорпција на корените, во околното гранулационо ткиво на млечната пулпа, беа ЗАКЛУЧОК: Пулпата на млечните заби со напредната физиолошка ресорпција има способност за ресопција на тврдите забни ткива. опсервирани клетки кои ресорбираат тврди забни ткива: мултинуклеарни џиновски одонтокластни клетки - дентинокласти (слично на остеокластните клетки), и мононуклеарни макрофаги. Ресорптивните клетки беа положени во ресорпциони лакуни кои беа придружени на зоните на активна ресорпција на дентинот.
Authors: Georgiev, Zlatko, Petrusevska, Gorgana, Kovacevska, Ivona, Dimova, Cena
Language: Macedonian
Subfield: Oral Surgery
Field: Dentistry
Domain: Health Sciences
Open Access status: green
OpenAlex ID: W53845376
