Year: 2013
Type: article
Abstract: Учебникот се смета за продукт на степенот на развиеност на системот на образование и воспитание во една земја. Тој ја покажува и докажува грижата на општеството за образованието и воспитанието како негови витални интереси и функции. Како средство за комуникација во наставатаучебникот претставува значаен показател, одраз и израз на нашите педагошки концепции, сфаќања и погледи за наставата и за севкупниот воспитно-образовен систем.Добриот учебник претставува едно од најмоќните средства заформирање на личноста на ушеникот за зголемување на ефикасноста на воспитно-образовната дејност. Тој најнепосредно го води наставникот во наставата и му служи како ориентир и патоказ во реализацијата на програмските цели и задачи, односно на наставните содржини. Се разбира,учебникот ќе ја интензивира и унапредува наставата само ако оди во чекор со најновите педагошко-психолошки, дидактичко-методички и други научни сознанија. Затоа, тој мора перманентно да се усовршува, квалитетно да се подобрува од научен, педагошко-дидактичен, естетски,графичко-илустративен, технички и друг карактер.
Language: Macedonian
Subfield: Education
Field: Social Sciences
Domain: Social Sciences
SDG: Quality education
Open Access status: diamond
OpenAlex ID: W563319180
