Year: 2011
Type: article
Abstract: Овој труд врши компаративна анализира на регионалната безбедносна соработка во Европа и во Пацифик-Азија, при што го застапува гледиштето дека најголемата разлика помеѓу двете безбедносни архитектури се состои во суштинската улога на мултилатералните елементи во Европа во однос на Пацифик-Азија. Безбедносната соработка во Европа еден период беше минимизирана со цел да се спречат конфликтите во Западна Европа, како и помеѓу Истокот и Западот на Европа, нешто што во голема мерка останува отсутно во Пацифик-Азија. Ова доведе до тоа европските земји повторно да го концептуализираат суверенитетот на начин што овозможува развој на ефективни форми на мултилатерализмот. Во трудот се врши анализа на успесите и неуспесите на регионалните институции и се заклучува дека безбедносна архитектура во Европа е поефикасна отколку во Пацифик-Азија од крајот на Студената војна, при што ова прави Европа да се смета за извозник на безбедност. Главната причина за ова се чини дека лежи во способноста на европскиот мултилатерализам да се изгради на својата „постмодерна“ концепција на суверенитет. Спротивно на тоа, Пацифик-Азија, со исклучок на Јапонија, останува надвор од модерниот концепт на суверенитетот. Од друга страна пак, „глобализацијата“, бара ефикасна мултилатерална безбедносна соработка, а со тоа и подготвеност да се прифатат ограничувањата на националниот суверенитет. Клучни зборови: мултилатерализмот, безбедносна соработка, суверенитет, безбедносна архитектура
Authors: Iliev, Andrej, Petrovski, Aleksandar, Petreski, Drage
Language: Macedonian
Field: Social Sciences
Domain: Social Sciences
Open Access status: green
OpenAlex ID: W6988333626
