Work

The Role of Metacognition in Developing Reading Skills

Year: 2020
Type: article
Abstract: Во наставата по странски јазик, наставникот е соочен со бројни предизвици, меѓу кои и развивање на вештината читање. Низ литературата поврзана со вештината читање постојано се среќаваме со поимите конгнитивност и метакогнитивност. Додека когнитивноста е нашето свесно размислување, метакогнитивноста е „конгнитивност за когнитивноста“, односно размислување за сопственото размислување. Во однос на процесот на читање, метакогнитивноста го опфаќа знаењето и регулирањето на стратегиите за читање од страна на учениците. Метагокнитивните стратегии за учење се поврзани со размислување за процесот на учење, планирање на учењето, набљудување на разбирањето додека се случува и оценување на самиот себе кога се завршува со процесот на учење. Од друга страна, когнитивните стратегии се подиректно поврзани со задачата за учење и вклучуваат директна манипулација и трансформација на материјалот за учење. Во овој труд ќе ставиме акцент на поимот метакогнитивност како и на неговиот историски развој. Исто така ќе се фокусираме на аспектите на метакогнитивноста и компонентите кои го сочинуваат тој процес, со посебен фокус на улогата на метакогнитивноста во процесот на читањетои развивањето на вештините на читање.
Language: Macedonian
Open Access status: green
OpenAlex ID: W6996405934
FWCI:
Cites: 11
Cited by:
Related to: 10