Евалуација на ефектите од човечкиот капитал врз економскиот раст со фокус на транзициска економија
Year: 2022
Type: dissertation
Abstract: Целта на оваа докторска дисертација е да се испита влијанието на човечкиот капитал врз економскиот раст во случајот на Република Македонија и, исто така, да направи компаративна анализа со другите земји во Западен Балкан. Очигледно е дека човечкиот капитал е клучен за економскиот раст. Истражувањето на влијанието на човечкиот капитал врз растот може да донесе вредни информации за креаторите на политиката за да ги потврдат своите стратегии за развој и да ги стимулираат факторите што водат до економски раст. Трудот има за цел да ги испита односите помеѓу човечкиот капитал и економскиот раст во македонската економија преку анализа на корелациите помеѓу статистичките варијабли што го мерат човечкиот капитал и економскиот раст. Во согласност со овој аргумент е поставена и главната хипотеза на ова истражување.
Author: Serafimovikj, Gordana
Language: Macedonian
Subfield: Economics and Econometrics
Domain: Social Sciences
Open Access status: green
OpenAlex ID: W7025557517
