Work

Кинезиологија со патокинезиологија и патобиомеханика

Year: 2018
Type: book
Abstract: Наједноставната форма на движење - механичката - може да се појави насекаде. Таа се открива во сите форми на движење. Колку е повисока формата на движење, толку (релативно) е помал делот на механичката. Пониските форми на движење се вклучуваат во повисоките, но тоа не значи дека претставуваат севкупност од пониските. Тие имаат своја специфика и во нив ниските форми на движење се појавуваат различно, отколку во својата чиста форма. Поради таа причина изучувањето на високата форма на движење не може да биде сведено на изучување на поелементарните форми што ја составуваат. Движењето за човекот има огромно значење – ја променува околната средина и на тој начин човекот се „променува“ и самиот себе си – се усовршува човечкиот организам, а пред сè свеста. Создавањето на учебникот Кинезиологија со патокинезиологија и патобиомеханика се должи на суштинското значење на кинезиологијата и патокинезиологијата во целосниот алгоритам на лекување на пациенти со трауматични, ортопедски, ревматски, кардиоваскуларни, респираторни и невролошки заболувања. Кинезиологијата и патокинезиологијата како интегрални науки комбинираат познавања од различни области – анатомија, биомеханика, физиологија и медицина. Предметот Кинезиологијата со патокинезиологијата и патобиомеханика е фундаментален, затоа што ги содржи најважните и најнеопходните теоретски и практично-апликативни знаења и вештини за професионална реализација на идните дипломирани физиотерапевти. Тоа е основната задача на учебникот – да даде продлабочени познавања на студентите што ќе им послужат во нивната понатамошна едукација во специјалните дисциплини и во нивниот научно-практичен развој. Од практична гледна точка, кинезиологијата и патокинезиологијата се во основата на градењето на современите физиотерапевтски и други функционално-рековалесцентни програми. Продлабочените познавања за нормалните кинезиолошки карактеристики на сегментите во локомоторниот апарат се предуслов за правилна патокинезиолошка анализа на промените што настануваат како резултат на различни заболувања и повреди. Учебникот Кинезиологија со патокинезиологија и патобиомеханика може да им користи и на сите останати читатели кои се интересираат за основните и современи погледи на кинезиологијата на човекот и карактеристичните патокинезиолошки промени кои што настануваат како резултат на повреди и заболувања.
Language: Macedonian
Open Access status: green
OpenAlex ID: W7053499017
FWCI:
Cites: 55
Cited by: 1
Related to: 9