Work

Морталитетот од кардиоваскуларните заболувања кај нас и во светот

Year: 2018
Type: conference-paper
Abstract: Вовед: Кардиоваскуларните заболувања претставуваат огромен медицински и социо-економски проблем како во развиените, така и во неразвиените замји во светот, при што попримаат размери на глобална епидемија. Тие се водечка причина за морбидитет, морталитет, работна неспособност, апсентизам/одсуство од работа, но и предвремена смртност на работоспособното населени помладо од 60 години. Цел на трудот: Да се прикаже морталитетот од кардиоваскуларните заболувања во Република Македонија во периодот од 2007 до 2016 година; да се прикаже морталитетот од кардиоваскуларните заболувања во различни региони и држави во светот, за кои има податоци во достапната литература. Материјал и методи: Користени се достапните/публикувани податоци од Државен завод за статистика на Република Македонија, Институт за јавно здравје на Република Македонија, ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, Извештаи на СЗО и друга достапна литература од понов датум. Користен е дескриптивниот епидемиолошки метод на работа. Резултати: Во испитуваниот период, најголема стапка на смртност од кардиоваскуларните заболувања во Република Македонија е регистрирана во 2007 година - 613,8/100 000 жители, а најмала во 2016 година – 526,9/100 000 жители. Стапките во нашата земја се нешто пониски во однос на просечната стапка во Европа. Во 2015 година во Европа биле нотирани 85 милиони жители со кардиовскуларни заболувања, од кои, над 11,3 милиони биле регистрирани како нови случаи. Заклучок: Кардиоваскуларните заболувања се и ќе бидат еден од главните јавно-здравствени проблеми кај нас и во светот, заради високиот морбидитет и морталитет. Се јавуваат во сите социјални слоеви, најмногу кај возрасните групи над 50 години, независно од полот, етничката или расна припадност. Клучни зборови: кардиоваскуларни заболувања, морталитет, ризик фактори.
Language: Macedonian
Subfield: Epidemiology
Field: Medicine
Open Access status: green
OpenAlex ID: W7062933916
FWCI:
Cites: 144
Cited by:
Related to: 9