Work

Валидација на модифицирана спектрофотометриска метода за определување на органскиот јаглерод во почва

Year: 2025
Type: conference-paper
Abstract: Органскиот јаглерод во почвата (SOC) претставува значаен индикатор за проценка на квалитетот, плодноста и биогеохемиската функционалност на почвата. Тој има значајна улога во процесите на складирање и циркулација на хранливи материи. Прецизното и ефикасно определување на (SOC) е од клучно значење за мониторинг на животната средина и за развој на одржливи земјоделски практики. Во ова истражување е направена валидација на модифицирана спектрофотометриска метода, изведена од класичната Walkley-Black метода, за квантитативно определување на органски јаглерод во почвени примероци. Методата се базира на оксидација на органските материи од почвата со раствор од калиум дихромат во присуство на концентрирана сулфурна киселина. Притоа настанува редукција на Cr6+ во Cr3+ и промена на бојата на растворот од портокалова во зелена. Интензитетот на добиената боја на растворот се мери на бранова должина од 600 nm. Валидацијата е извршена со стандардни раствори на сахароза во опсег од 1 % до 8 % органски јаглерод (OC), при што беше добиен висок степен на линеарност (R² = 0.9998). Валидацијата ги опфати параметрите: граница на детекција (LOD), граница на квантификација (LOQ), прецизност (интра- и интердневна), точност, повторливост и репродуцибилност. Релативната стандардна девијација (RSD) беше помала од 5 %. Точноста е потврдена преку метода на стандарден додаток во сертифицирана стандардна почва BIPEA, покажа принос помеѓу 99,5 % и 104 %, што укажува на висока аналитичка сигурност и минимално влијание на матриксот. Методата беше успешно применета на 24 реални почвени примероци од лозови насади, при што содржината на органски јаглерод се движеше во опсег од 1,1 % до 2,1 %, што ја потврдува нејзината применливост за рутинска лабораториска анализа. Со оглед на високата точност, прецизност и намалената употреба на токсични реагенси, методата претставува еколошки прифатлива и економски ефикасна алтернатива за определување на органскиот јаглерод во почва.
Language: English
Subfield: Soil Science
Open Access status: green
OpenAlex ID: W7204673299
FWCI:
Cites:
Cited by:
Related to: 10