Work

Примена На Корпусите Во Наставата: Со Акцент На Фраземските Конструкции

Year: 2026
Type: article
Abstract: Современата настава по јазик сè повеќе се ориентира кон методолошки пристапи што овозможуваат автентична, контекстуалнозаснована и истражувачки насочена работа со јазичниот материјал. Во таа насока, корпусна лингвистика, како дисциплина заснована врз анализа на реални јазични податоци, нуди значајни можности за унапредување на наставниот процес. Во трудот се разгледуваат можностите за примена на корпусните ресурси во наставата, со посебен акцент на усвојувањето на фраземските конструкции како специфичен сегмент на фразеолошкиот систем. Поради нивната полуформулна природа, комбинацијата на стабилни и варијабилни елементи, како и силната зависност од контекстот и прагматичката функција, фраземските конструкции претставуваат значаен предизвик во наставата по јазик. Во трудот се анализира потенцијалот на три корпусни ресурси за македонскиот јазик: CLASSLA-web.mk, Електронскиот корпус на македонски книжевни текстови и мултијазичниот репозиториум PhraConRep. Се претставуваат можни модели на корпусно засновани аналитички, компаративни и креативни наставни активности, насочени кон развој на јазична, комуникативна и дигитална компетенција. Посебно внимание се посветува на придобивките и на недостатоците на корпусниот пристап во македонски контекст, како и на потребата од понатамошен развој на корпусната инфраструктура.
Language: Macedonian
Field: Psychology
Open Access status: diamond
OpenAlex ID: W7225764769
FWCI:
Cites: 26
Cited by:
Related to: 10