Work

Третман и превенција на „сува алвеола“

Year: 2012
Type: article
Abstract: Предуслов за да се обезбеди нормален процес на заздравување на екстракционата рана е исполнување на забната алвеола со крвен коагулум. Доколку од било која причина настани губиток на крвниот коагулум настанува експонирања на алвеоларната коска и неуспешно формирање на гранулационо ткиво, коешто е пропратено со силна болка. Ова постекстракциона компликација се нарекува “сува алвеола”, или едноставно алвеолитис. Оваа состојба има повеќе синоними: • Алвеоларен остеит • Alveolitis sicca dolorosa • Локализиран акутен алвеоларен остеомиелитис • Постекстракционен остеомиелитички синдром • Фибринолитички алвеолитис Инциденца: Во стручната литература се посочуваат различни податоци за времето на настанување на оваа посекстракциона компликација, но вообичаено ова се случува во период од првиот до четвртиот ден по екстракција на заб, дури и по 4-5 дена по извршената екстракција. Различни податоци постојат и за инциденцата на појава на оваа состојба и тоа во ранг на 1-45% од извршените екстракции со најголема застапеност при екстракција на третите долни молари. Се јавува почесто кај пациенти на возраст од 20-45 години со поголема застапеност кај женскиот пол.
Author: Dimova, Cena
Language: Macedonian
Subfield: Hematology
Field: Medicine
Open Access status: green
OpenAlex ID: W72349896
FWCI:
Cites:
Cited by:
Related to: 10