Year: 2012
Type: article
Abstract: Лекување на еден периодонтално засегнат заб, спротивно на екстракција е една од најтешките одлуки што еден стоматолог мора да ги донесе. Клиничарот може да донесе одлука врз основа на одредени критериуми дадени во литературата, но сепајк неговото искуство сеуште останува најважен, ако не и зачува или екстрахира. За жал во стоматологијата, како и во сите биолошки науки, нема конкретен одговор на ова прашање, па токму затоаовој труд ќе погледне во литературата, но и ќе го симулира долгогодишното искуство на авторите со основна цел да му помогне на клиничарот во донесувањето на одлуките во врска со судбината на компромитираниот заб. Согледувајќи го ова преминавме на пребарување на литературата која беШе достпна, а која се занимава со овој проблем. Истражувањето беше изведено според три клучни збора: екстракција на заби, план на терапија и критериуми. Целокупната литература беше прегледана о користејќи го своето искуство авторите направија селекција и систематизација на податоците. Со цел да се направи ред во податоците решивме факторите и варијабилите во донесувањето на одлуката да ги поделиме во 6 категории: 1. иницијална проценка, 2. стадиумот или сериозноста на пародонталната болест, 3. зафатеноста на фуркацијата 4. етиолошките фактори, 5. рестарвативните фактори, 6. други решавачки фактори. Секоја поединечна категорија е дискутирана во трудот.
Authors: Pandilova, Maja, Dimova, Cena
Language: Macedonian
Subfield: Oral Surgery
Field: Dentistry
Domain: Health Sciences
Open Access status: green
OpenAlex ID: W75700884
