Year: 2013
Type: article
Abstract: Развојот на процесот на економска глобализација зависи од условите во кои се одвива, при што од клучно значење, покрај слободата на движење на стоките и услутите, на капиталот и работната сила, се и монетарните услови. Од нив, во суштина, зависи дали процесот на глобализација ќе се развива во согласност со потенцијалот на објективните сили кои го генерираат. Факт е дека производните сили и односи делуваат постојано, меѓутоа, резултатите не се секогаш соодветни на нивниот потенцијал. Оптимални резултати можат да се очекуваат само во услови на непречено дејствување на пазарните законитости во одделните национални економии и во односите меѓу нив, а тоа е можно само доколку постои консеквентен меѓународен монетарен поредок, со глобална валута во неговото средиште. Резултатите се субоптимализираат со функционирањето на национални валути во улога на светска мерка на вредноста, особено со преминувањето на флуктуирачки курсеви во интервалутните односи во светот и нивната нестабилност. Ваквата логика на размислување ја потврдува развојот на светското стопанство во изминатите два века. Интегрираноста на националните економии во глобална достигна највисок степен во периодот на системот на златно важење. За тој период се зборува како за време на прва глобализација, како интегрирање врз рационална меѓународна поделба на трудот. Неа не ја донесе политиката, туку потребата за развој на националните економии, користејќи ги и странските пазари како услов за подинамичен развој.
Authors: Sajnoski, Krste, Paceskoski, Vlatko
Language: Macedonian
Subfield: Finance
Domain: Social Sciences
Keywords: economic globalization, 2008 financial crisis, international monetary system, international currency, exchange rate fluctuations, international economic integration, gold standard, free trade, capital mobility, labor mobility, monetary conditions, market law, international economic relations, international economic law, international economic security
Open Access status: green
OpenAlex ID: W101568384
