Work

Присуство на вирусот на свиткување на листовите кај виновата лоза во Македонија

Year: 2015
Type: article
Abstract: Растителните вируси се група на патогени кои придонесуваат за значителни загуби во приносот и имаат големо економско значење. Тие се облигатни паразити и за нивна репликација користат дел од растителните клетки на домаќинот. Конкретно кај виновата лоза штетното дејство од вирусната инфекција се манифестира во намалување на приносот и квалитетот на грозјето, намалување на векот на лозите, во калемовото производство – намалување на приносот и квалитетот на резниците за калемење, како и слабо сраснување на спојното место. Со примена на серолошка ELISA техника и молекуларна RT-PCR дијагностика извршивме утврдување на присуството на еден од најшироко распространетите флоемски вируси кај виновата лоза, вирусот на свиткување на листовите – Grapevine leafroll associated virus GLRaV (-1,-2,-3,-7). Истражувањето опфати вкупно 382 изолати од вируси кај виновата лоза, во периодот од 2008 до 2014 година. Од вирусните промени кај виновата лоза беше следено и потврдено присуството на вирусот на свиткување на листовите кај виновата лоза (Grapevine leafroll associated virus) со групите -1 и -3 од овој вирус (GLRaV-1, GLRaV-3).
Language: Macedonian
Subfield: Plant Science
Open Access status: green
OpenAlex ID: W2255647633
FWCI:
Cites:
Cited by:
Related to: 10