Work

The differences in the use of the definite article in titles and subtitles in the functional style of art and literature in Macedonian and English

Year: 2020
Type: article
Abstract: Целта на овој труд е да ги опише разликите во употребата на членот во насловите и во поднасловите во македонскиот и во англискиот јазик. Истражувањето е направено на корпус од наслови и поднаслови ексцерпирани од различни типови дискурс: пишани литературни дела и каталози од театар­ската и од филмската уметност. Анализата на корпусот е направена со споредување примери на наслови и поднаслови од македонски дела преведени на англиски и обратно. Насловите и поднасловите, како специфични јазични фрази, претставуваат кондензација на подолг текст што следува по насловот и од нив се очекува да ги дадат клучните зборови на текстот. Оттаму, употребата на членот, покрај тоа што има граматичка, има и стилис­тичка функција. Насловите и поднасловите често отстапуваат од јазичната норма со испуштањето на членот. Резулатите покажуваат дека македонските наслови што имаат членувани ИГ можат се преведат на англиски јазик со нечленувани ИГ и македонските наслови што содржат нечленувани ИГ можат да имаат англиски преводни еквиваленти со членувани ИГ. Исто така, при истражувањето се дојде со заклучок дека англиските наслови што содржат членувани ИГ, можат да се преведат на македонски јазик со нечленувани ИГ и англиските наслови што содржат нечленувни ИГ можат да имаат македонски преводни еквиваленти со членувани ИГ.
Language: English
Open Access status: diamond
OpenAlex ID: W3036668803
FWCI:
Cites: 3
Cited by:
Related to: 10