Year: 2021
Type: article
Abstract: Менаџментот со човечките ресурси е стратешки и кохерентен пристап конраководењето со највредните ресурси во една организација - луѓето кои работат таму и коииндивидуално и колективно придонесуваат за остварување на организациските цели. Менаџирајќисо човечките ресурси, се прават збир на операции кои се синтетизираат на многу видлив и кохерентенначин. Се создаваат неколку менаџерски системи составени од филозофии, политики, стратегиии процеси за човечките ресурси. Управувањето со човечкиот фактор подразбира и неформалниприоди и позитивни практики, кои можат да се согледаат преку анализирање на работниот процес,изготвување на планови за пополнување на работните позиции, процес на регрутирање, селекција иизбор на нововработени, како и нивна понатамошна обука и професионален развој. Со дефиниранавизија и мисија, започнува создавање на организациската стратегија. Во неа се дефинираат ситепотребни ресурси со кои ќе се реализираат организациските цели. Во понатамошното менаџирањево организацијата, преку спецификација на работните задачи за секоја работна позиција се започнувапроцесот на извршување на зацртаните работни активности, врз база на одредени организацискисистеми и процедури.
Institution: Goce Delcev University
Language: Russian
Domain: Social Sciences
Open Access status: diamond
OpenAlex ID: W4200246722
