Year: 2023
Type: book
Abstract: Оваа скрипта е напишана врз основа на содржини од предметот Математика 1, за кои се одржуваат вежби и предавања на Технолошко-технички факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Содржината на оваа скрипта опфаќа стандардна материја која се изучува на техничките факултети по Математика 1. Наменета е, пред сѐ, за студентите на Технолошко-технички факултет. Скриптата е поделена во пет глави и секоја за себе содржи повеќе параграфи. Притоа во секоја глава има бројни решени примери кои помагаат за полесно совладување на материјалот. Нивното успешно решавање ќе претставува знак за висок степен на совладаност на изложената материја.
Author: Александра Ристеска-Камчески
Language: Macedonian
Subfield: Education
Field: Social Sciences
Domain: Social Sciences
SDG: Quality education
Open Access status: green
OpenAlex ID: W4386036498
