Work

Потврдување На Веродостојноста На Дигиталните Докази

Year: 2023
Type: article
Abstract: „Помодерните“ судски власти се чини дека стануваат се повеќе свесни за потребатаод разгледување на автентичноста на дигиталните податоци, без разлика дали се утврдува декасе гласини/рекла-кажала или не, во корист на поопшта и флексибилна грижа за веродостојноста.Основата за одредување на веродостојноста на компјутерски генерираните информации воголема мера се разликува од онаа на физичките докази. Иако потеклото на доказите секако морада се утврди, барањата во однос на дигиталните податоци не се исти како и за физичките докази.Дигиталните податоци се речиси целосно зависни од поткрепено сведочење кое има мала, иливоопшто нема, врска со автентичноста на содржината за која се бара да се допушти. Критериумитеза утврдување на допуштеноста на компјутерски генерираните информации мора да побаруваатприкажување зголемена веродостојност.Дигиталната форензика несомнено е висока техничка област заснована на наука:компјутерски науки, математика, физика итн. Тоа е и област која бара познавање од инженерство,особено електроинженерство, машинско инженерство и системско инженерство. Процесот напримена на науката и инженерските дисциплини е сложен и бара стручно размислување коепонекогаш помалку наликува на наука, а повеќе на уметност. Токму заради тоа, потврдувањетона веродостојноста на дигиталните докази не е само правен предизвик, а можеби е и помалкуправен, отколку технолошки предизвик, поради што, веродостојноста во најчест случај ќе се барада биде потврдена од ИТ експерти.
Language: English
Subfield: Law
Open Access status: diamond
OpenAlex ID: W7219971814
FWCI:
Cites:
Cited by:
Related to: 10