Work

Примена на електронските медиуми во туристичката промоција

Year: 2012
Type: article
Study design: Observational Study
Abstract: Трудот укажува на предизвиците околу интензивната примена на Интернетот како медиум во промоција на туризмот. За таа цел, предмет на истражување е односот на младата популација генерално кон три аспекти: (1) Примена на Интернетот во туризмот и патувањето; (2) Користење електронски социјални мрежи во споделувањето искуства од туризмот и патувањето; и (3) Доверба во електронските медиуми за потребите на туристичката промоција. Целта на овој труд е да го определи степенот на користење на електронските алатки во туристичката промоција од страна на младата популација во Македонија. Оттука, ова емпириско истражување информира за резултатите добиени од анкета спроведена на 502 млади потрошувачи. Исходите ги потврдуваат поставените истражувачки хипотези и укажуваат на круцијалното значење за примена на електронските алатки во туристичката промоција со цел зголемување на свеста и сознанието за Македонија како туристичка дестинација. Во таа насока, трудот го препорачува овој концепт и ја поттикнува потребата за идентификување ефективна рамка за справување со досегашните скромни туристички резултати, дејствувајќи притоа како основа за иницијални препораки за подобрување на туристичката промоција во земјата.
Language: Macedonian
Subfield: Marketing
Open Access status: green
OpenAlex ID: W2266780230
FWCI:
Cites: 22
Cited by:
Related to: 10